Светлината што доаѓа однадвор од самракот внатре во одајата се меша со светлината на четири големи свеќи, на источниот ѕид под исусовото распетие горат за душа на покојникот, и на поседнатите околу трпезата, се протега од јужниот до северниот ѕид, осветлуваќи им ги лицата, груби и јадосани, им дава чуден неземски изглед.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Имаше чувство како О'Брајан да му е заштитник, дека болката е нешто што доаѓа однадвор, од некој друг извор и дека токму О'Брајан ќе го спаси од неа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Тој ги пиеше со жедта на своите очи оскудните зраци и секој шум што доаѓаше однадвор го притегнуваше кон прозорецот, иако знаеше дека ќе ја сети пак само ладнината на железото врз челото и сувоста на правта, налепена по сивкавите лушпи на ова одвратно дрво, ќе го заскокотка грлото и сипкава кашлица ќе го наполни телото со морници.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ми доаѓа однадвор, а како да се корне од мене.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Другите поединости во врска со овој случај навистина не ми се познати.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Втрчал во собата на еден од иследниците, но бидејќи гласот доаѓал однадвор а прозорецот бил отворен се нашол долу, во тревникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Неговата спротивност е светот на границите во којшто иманентните општествени антагонизми можат да се поднесат само како нешто што доаѓа однадвор и со што општеството се сретнува само на своите надворешни граници.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Дијамантскиот отсјај на човековата кожа, чувството дека ти си дијамант, најскап жив примерок во целоста на живата суштина: тоа неописива внатрешна радост измешана со радоста што доаѓа однадвор.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Многу непријатности доаѓаат однадвор.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Туку нешто друго, нешто што не доаѓа однадвор, туку одвнатре, од човекот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Се знае дека тој никогаш ништо не потврдуваше, но никогаш ништо и не одречуваше.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Мислеше, кутриот, дека секој погрешен гест, секој ненадеен потег може да го поттурне кон амбисот.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)