Живи јазици: Несреќите на Франција доаѓаат оттаму што не ги знаеме доволно!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
А тоа доаѓа оттаму бидејќи постојат и такви страдања што ги носиме длабоко во себе, скриени од светлината на денот и од очите на љубопитноста.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Стравот доаѓал оттаму што прашањето за реформи од големите сили било доста сериозно сфатено, а тоа всушност било сторено под притисок на револуционерните настани во Македонија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Тоа делумно доаѓа оттаму што германските филозофи не ги читаат директно моите текстови, туку се повикуваат на секундарни, често американски интерпретации.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
За некои од тие болки срамно ни е да се сеќаваме дури и ние самите а камо ли да ги спомнуваме пред другите.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Какви мириси, какви убавини доаѓаа оттаму?! Те фрлаат во занес!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)