доаѓа (гл.) - предвид (прил.)

Не доаѓаше предвид ни да ѝ испрати писмо по пошта.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Доза за три кафиња со шест апчиња засладувач, се разбира, шеќерот не доаѓаше предвид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тоа повеќе нема да се повтори во мојот живот. Тоа не доаѓаше предвид.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не доаѓа предвид. И моите и твоите ќе нѐ стават во топ, Рада божем не сакаше!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Боб: За мене не доаѓа предвид да си го соберам пиштолчето. Јас дигнав раце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Фрлање од високо не доаѓаше предвид, бидејќи од високо ѝ се вртеше, а би било глупаво, кога веќе свесно експериментира со сопствената смрт, во клучниот миг да ја фати несвестица.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
„Глупости, каква слика. Тоа не доаѓа предвид!“, вреска госпоѓата на глас и, барајќи низ списокот, одеднаш целата вознемирена и покажува дека, ете, кај оној чичко ѝ од Власина може да се оди со слика затоа што тој дошол со тенџере за ајвар и тајфа од десет луѓе.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Вања останува со мене – додаде Лета. Ние тргнавме кон дома.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не доаѓа предвид – се правеше важна таа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Грета: Не доаѓа предвид. Утрово се депилирав и ми се смачи од влакна.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Лобо (Го става жилетот во машинката.): Ќе ме избричиш ли?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мал дел ни се видоа како возможни.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во такви околности, некаков општ преглед на машката геј- култура едноставно не доаѓа предвид, колку и да сакам да опфатам сѐ.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тоа разновидни облици, големини и стилови.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Голем број, веднаш се согласивме, беа ужас, па лесно и брзо се разбравме дека не доаѓаат предвид.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во продавницана нѐ дочека изложба со едно педесет до сто модели на славини.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не доаѓаше предвид не да мигне туку ни да ги спушти клепките - место сонот, му доаѓаше татко му; не отсутен каков што не можеше да си го замисли ами жив каков што го паметеше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но меѓу оние што беа за радикално решение на козјото прашање – за уништување на сите кози, не доаѓаше предвид никаква отстапка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога повторно се собравме наместо да тргнеме откривме дефект во колата требаше време за да се отстрани сестра ми рече гладни сте вечерајте не се оди на пат гладен не доаѓа предвид реков очај ме обзема од постојано јадење кога треба да патуваме преживаме кога треба да патуваме.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)