Во каталогот на неодамнешната изложба Manifesta во Ротердам кадешто Кулик го играше кучето на Павлов, добиваме некои одговори на тие дилеми во форма на програмски текст за Куликовата уметност, напишан од неговата соработничка Мила Бредихина.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Во тоа навистина би уживал. Тоа толку го посакува што таа желба добива некоја мистична моќ.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ќе се побудалам од мислење. Постојано добивам некои фиксидеи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Започна и Тане да се поднапива, но често ќе претераше, ќе се напиеше преку мера и добиваше некој кураж, некоја сила, се качуваше на брегот одејќи и на раце и на нозе, доаѓаше кај дувалото, ги отпетлуваше панталоните и се мочаше кон него, викајќи: - Ајде избувни сега, мајчето твое!
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Траеше една таква долга модра вечност, во која погледот добиваше некоја белина само кога ќе требаше да одбере дали тоа стебло пред него беше токму онаа познатата, крајпатна бука, дали она, што се чинеше како деланка во нејзината коруба, не беше само некој поцрнет лишај.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Од дебелење кожата ѝ напнуваше и добиваше некој јадеж по снагата: се чешаше, се чешаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)