Но кога, поради својата приврзаност кон Октомвриската револуција и СССР, ќе настрада како жртва на Информбирото, ќе одлежи четири години затвор и потоа ќе добие некаква маргинална служба, многу ниска со оглед на неговите несомнени научни и револуционерни заслуги, и покрај опасностите повторно да настрада доколку беа откриени неговите западни книги, ставени под индекс од тогашните сталинистички идеолози, Климент Камилски продолжи уште поангажирано да собира нови и таинствени книги.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ставајќи сѐ во наводници, особено сѐ што е „сериозно“ – а со тоа отворајќи пресуден јаз помеѓу глумецот и улогата, помеѓу идентитетот и суштината – камп-иронијата овозможува да се добие некаква дистанција кон „твоето“ себство, кон „себството“ што општеството ти го накалемило како твоја автентична природа, како твое битие.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Одбивајќи да ги прифати општествените идентитети како природни видови на суштествување, како објективни описи кој си и, наместо тоа, разоткривајќи ги како перформативни улоги, а со тоа и како неавтентични, стигматизираните групи успеваат да добијат некакво противсредство во однос на дисквалификациите што одат со тие идентитети.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Оттука е јасно оти ако новото течење и не добие некаква поддршка од многубројната интелигентна македонска колонија во Бугарија, пак ќе се развива, само ќе се развива веќе како течење насочено специјално против бугарските интереси во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Потоа уследи друг: на Богуле му мина стравот што беше вгнезден во него по бесењето на питропот Андро, доби некаков кураж, смелост, и почна да го раскажува она што го криеше, да ја објаснува вистинската причина за несреќата на питропот Андро: за љубовта што потајум ја водеа неговата жена Андрица и Оруш варџијата.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Се разбира, овој збор во денешната лингвистика добива некакво значење на употреба само во историска смисла, особено кога се трага по состојбите на старите јазици и се мисли на нивната поврзаност и сродство!
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)