Сево ова дава можност да се претстави еден ваков значителен број на вредни предмети кои го откриваат патот на творештвото на авторот од повоениот период сѐ до 1986 година, без воопшто да се добие впечаток на неред или прекумерност.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Потсетувајќи дека уметничките дела на Бојс не може да се редуцираат на она што ние го гледаме, овие бордури-рамки играат двојна улога: тие се забрзан тек за оние кои тежнеат да ја дофатат мислата на Бојс и, истовремено, направа за корекција на погледот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ретроспективата истовремено презентира и многубројни ситни предмети кои, педантно наредени во витрините долж ѕидовите, пожолтеле од времето; исто така и 456 цртежи од „Secret block for a secret person“.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Тито се нашол во многу незавидна ситуација бидејќи се добивал впечаток како да нема контрола на она што се случува во Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Исто така како што кафето е поврзано со чајот, играта со зборовите grains de beau the (буквално: зрна од вкусен чај), се добива впечаток дека е поврзана со вулгарниот идиом grains de cafe, што значи клиторис. ...SANS TROP DE BENGUE, “без премногу бенгуе”. BENGUE е, можеби, игра на зборови која е во врска со bain, средство за капење, и gay - педер, а исто така и пијаница.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Киро успева да процени дека Јамата, Баро и Рото се уште се бранат, но по глувите рафали добива впечаток дека отпорот слабее.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се добива впечаток дека тука е свежо изорана нива.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Значи на непријателот да му се одземе иницијативата да се вдаде во јуриш и да ги гони нашите единици, а да се добие впечаток дека ние одиме во јуриш.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
За да не се добие впечаток дека јас врз нив вршам некаков притисок, на разговорот нема да бидам присутен цело време.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Иако Анте Поповски ни досега не ја галеше песната, не ја заштитуваше речиси од ништо, оставајќи ја самата да се бори со состојбата што да ја снашла (Неа или Него), во “Две тишини“ се добива впечаток како нивниот заемен однос да е отиден уште потаму, па поетот почнува да го нишани светот токму со неа, зашто сфаќа дека друго оружје за каква и да е стрелба - нема.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Од сѐ што кажа уште при првата средба, добив впечаток дека многу знае, и тоа најмногу за настани и личности од нашето подрачје.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Добив впечаток дека не ме разбра.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Авторот не сметаше дека е првиот во нејзината постела на распуштеница, но во ниеден момент не доби впечаток дека Граматниковски некогаш влегол во оваа соба.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Наеднаш доби впечаток дека мракот околу колибата е полн со ѕверови кои чекаат да догори онаа слама, да згасне светлината, па да натрчаат од сите страни.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Овие последователни модулации го водат увото во сѐ подалечни тоналитети, по што човек добива впечаток дека се оддалечува од почетокот без надеж за враќање.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
А тоа го потврдува неговата реакција, кога истакнал дека "изгледа генералот Апостолски како да е без некој авторитет и нему му е наредено да ги постави работите на вистинско место".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Уште еднаш се добил впечаток дека тој ја нема контролата врз настаните.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Јас знаев дека мајка ми знае унгарски, дури и сум ја слушала како зборува со вујко ми Вангел, ама кога разговараше со Унгарецот добив впечаток дека тоа не е мојата мајка туку некоја друга жена.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Кога ќе откафтеше уста нејзините зборови се однесуваа само на зимата, на снеговите што знаат да ја покријат целата рамница и не само рамницата, туку знаат да ги затрупат уличките, дворовите, покривите, така што се добива впечаток дека ѕидовите од куќите се скусуваат, а луѓето се претвораат во џуџиња во така мали кукички.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Тие двајцата постојано нешто се расправаат, се спречкуваат, па знаат и толку многу да ги засилат гласовите, што се добива впечаток дека малку недостига па да се степаат.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Привлечноста на книгата е, се добива впечаток, во тоа што во разговорот меѓу двајцата синеасти има малку „директна” теорија, но затоа пак книгата изобилува со посебни ставови и согледувања кои, на прв поглед, се од „техничка природа” (како е снимена некоја сцена, зошто некоја секвенца е вака а не поинаку кадрирана итн.), но всушност често се разговара и темелно се промислува основната содржина на Хичкоковите дела (делови од оваа книга се и во Маргинава).
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Според формулацијата на оваа одредба, може да се добие впечаток дека ова претставува давање право на работничките- мајки.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Пред сè, од Патувањатасе добива впечаток дека целата земја е покриена со злато, а тој никаде не можеше да види ништо слично.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сепак, го вознемири едно нешто.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)