ЛЕПЕЊЕ НА ГРНЕТО При изработката на секое грне на грнчарското колце добиваат вртоглавица историските предизвици и неправди.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Слободата добива вртоглавица на плоштадите: сакаш влези, сакаш излези од иднината.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Или, како што велат на нашиот Институт за наративна физика, неговиот и нејзин заеднички простор-време е еднаков со нивната линија на светот, и на тоа место од нештата почнува да се добива вртоглавица.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)