Тој чувствува дека тоа клопче што досега Максимилијан Мертен го плетеше со споро и тактично темпо, со доаѓањето на двајцата главешини на СС ќе добие забрзување и дека сите ќе бидат задушени во него.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Како што се наближува крајот на 1942 работите околу проектот добиваат забрзување, а неговиот ангажман е целосен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
И уште невидени, Вислицени и Брунер му се сторија како двете антички судби. И види: Две сламени мечиња вредно предат сјаен свилен и кадифен конец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)