КД = Командитно друштво КДА = Командитно друштво со акции КЗ = Кривичен законик на РМ (Сл. весник на РМ – 37/1996 и 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09) КП = Казнено-поправни КПУ = Казнено поправна установа КПУЗ = Казненопоправна установа – затвор КСОМ = Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија 315 МВР = Министерство за внатрешни работи МГУ = Московски Государствен [државен] Универзитет МЖ = Македонски железници МЗТ = Металски завод „Тито“ МК = Меѓуресорска комисија МКД = денари ММФ = Меѓународен монетарен фонд МО = Министерство за одбрана на РМ МП = Министерство за правда МТСП = Министерство за труд и социјална политика МЦ = Медицински центар НБРМ = Народна банка на Република Македонија НВО = Невладина организација НКД = Национална класификација на дејностите НССПЖМ = Независен синдикат на сообраќајниот персонал на железничарите на Македонија НУ = Национална установа ОЈО = Основно јавно обвинителство ОКДЈС = Општ колективен договор за јавниот сектор на РМ (Сл. весник на РМ – 10/2008) ОКДС =Општ колективен договор за стопанството на РМ (10. VII.2009) ОП = Општествено претпријатие ОС = Основен суд ПЕ = Подрачна единица ПИО = Пензиско-инвалидско осигурување ПЗУ = Приватна здравствена установа 316 ПС = Полициска станица ПТ = Пречистен текст [на закон] РЕ = Работна единица РЕК = Рударско-енергентски комбинат РМ = Република Македонија RLF = Rosa Luxemburg Foundation (Фондација „Роза Луксем- бург“ – Берлин, Германија) СИЕР = Синдикат на индустрија, енергетика и рударство СОНК = Самостоен синдикат за образование, наука и култура на РМ СРМ = Социјалистичка Република Македонија ССМ = Сојуз на синдикатите на Македонија ССП = Средна стручна подготовка СТД = Самостоен трговски дуќан СФРЈ = Социјалистичка Федеративна Република Југославија ТД = Трговско друштво ТП = Трговско претпријатие Трег. = Трговски регистар УБК = Управа за безбедност и контраразузнавање УИС = Управа за извршување санкции
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
ЗРО = Закон за работните односи (Сл. весник на РМ – 62/2005 и 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 16/10 ПТ, 50/10, 52/10, 124/10, 158/10 ПТ, 47/11) ЗС = Закон за стечај (Сл. весник на РМ – 34/2006 и 126/06, 84/07, 47/11) ЗСВДЛТ = Закон за самостојно вршење на дејност со личен труд (Сл. весник на СРМ – 18/1989) ЗСК = Закон за спречување на корупцијата (Сл. весник на РМ, 28/2002 и 46/04, 83/04 ПТ, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10) ЗСС = Закон за судскиот совет на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 60/2006 и 150/10) 314 ЗСТ = Закон за судски такси (Сл. весник на РМ – 114/2009) ЗСуд = Закон за судови (Сл. весник на РМ – 58/2006 и 35/08, 150/10) ЗТД = Закон за трговските друштва (Сл. весник на РМ – 28/2004 и 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11) ЗТПОК =Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (Сл. весник на РМ – 38/1993 и 48/93, 21/98, 25/99, 39/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 35/06, 84/07) ЗУ = Закон за установи (Сл. весник на РМ – 32/2005 и 120/05, 51/11) ИО = Извршен одбор ИТ / Извршителска тарифа = Тарифа за награда и други трошо- ци за работа на извршителите (2011) ЈЗУ = Јавна здравствена установа ЈКП = Јавно комунално претпријатие ЈП = Јавно претпријатие ЈРДП = Јавно радио-дифузно претпријатие ЈТД = Јавно трговско друштво К-15 = Регрес за годишен одмор
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ова е збирка случаи на веќе завршени и пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле да ѝ застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Заповед имам добиено од Бога, зашто посвето од ова сега што го правам нема, ниту ќе има на веков...!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Кога ја напушти татковата соба, мајка ми несетум го остави на масата последниот златен наполеон, што го имаше добиено од својот одамна умрен свекор, да го чува за да го употреби во зловреме.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Козарот веднаш го впиваше татковиот спокој, сигурно добиен од вечното читање.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Го закопавме со ордените на Тито, часовникот со синџирче, лулето, паричникот и руската шубара што сѐ уште ја барам на закачалката во станот во Ѓорче Петров, последниот дом што дедо ни не го доби од Сојузот на борците.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
„Розовата долина“ врие од ружоберки, кои го кинат цветот од бодликавите гранки; ружата мора навреме да се набере, да се добие од неа најмногу масло, најмногу есенција, најмногу опоен мирис.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
- Тој? Ха, изрод! Што ќе добие од тоа?
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Овој извештај е добиен од германски извори од Струга.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од разлози такви и име добив од отците овде, кои Иларион Сказник ме нарекоа, штом проговореа устата моја и јазикот мој, шестмесечен уште.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се хранат со зависта, задевајќи ги со навреди, се хранат со навредите, што ќе ги изнудат или добијат од устата на својата жртва, за возврат!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Само некои одбиваа да јадат. Најголемиот број подаваа раце за да добијат од сендвичите, кои во пунктот за исхрана ги имаше цели купови.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Револуцијата напролет само ќе нѐ уништи наполно нас и ќе ги уништи плодовите добиени од неа досега, зашто таа ќе биде насочена не против Турција, а против неа и реформаторските сили и затоа што тоа ќе биде не по наши сметки, а по сметките на некоја голема сила и некои мали балкански држави што ќе нѐ натераат нас да се дигаме, а после ќе нѐ остават на сретпат; најпосле, затоа што ако ние против сите аргументи на здравиот разум пак подигнеме востание, ќе бидеме само основа на дипломатска борба меѓу реформаторските држави и некоја трета, која борба ќе се сврши само со нашето поништување.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По таа историја може да се проучи како сегашните варијации се добиени од постари и последниве од еден општ македонски јазик, а тој од една јужнословенска група итн.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Тоа е сета арнотија што ја добивме од Бугарија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
По резултатите што ќе се добијат од сегашното востание, последново ќе може да се нарече една од најголемите, ако не и најголема несреќа за нашиот народ.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Моето организирано кино-доживување го паметам и по шлаканицата што ја добив од учителот по математика во основното училиште кој, за време на проекцијата, се проектираше во редар.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Мамо, што може да се купи со десет динари?“ - праша Благица држејќи ја врз отворената дланка жолтата, нова десетдинарка што ја беше добила од тетка ѝ.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Им се радувам како што им се радував на бонбончињата што знаев дека ќе ги добијам од „волшебниот“ џеб на престилката од баба ми кога ни доаѓаше во посета.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога наврши Милица двајсет години, со одобрување добиено од татка ѝ Ѓорета од затвор, се посврши за некое момче од Прилеп, а само по еден месец по свршувачката, умре, одненадеж.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
А потоа, само четири години по неа, кога и таа наврши двајсет години и кога и таа се посврши, само еден месец по свршувачката, умре и Милјана, како и сестра ѝ, одненадеж. ја закопаа во гробот Миличин, коските Миличини ѝ ги ставија од мишки на Милјана, божем требаше да ги однесе таму, на небо, кај душата нејзина.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа беа спортски гаќички што ги добила од комитетот за фискултура и култура, како победник во есенскиот крос по повод ослободувањето на градот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Инсталацијата ја поставил и со неа работел Богдан Русимиров, а материјалот се систематизирал и се анализирал во кабинетот на Шефот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Откако се преселив кај Нинослав, станот што го добив од службата го прилагодив во студио кое, разбрав многу подоцна, било постојано под аудиовизуелен надзор.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дваесетте аспри што ќе ми ги дадеш се од милост, за да ги помогнеме неговите кутри потомци, а другите десет аспри се за оваа друга книга што ќе имаш исто така чест да ја добиеш од мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во писмото што го доби од дома, сестра ѝ подробно ѝ пишуваше, како мајка ѝ правела питулици за соседите и роднините.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Затоа кадијата ја викна насамо најмладата своја кадана Мигар и ѝ нареди: – Новата твоја посестрима што ја доби од Мариово уште се тегави; нејќе да се потурчи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Не знам од која причина но тој ги повтори уште еднаш познатите наоди: дека вратарот изјавил оти преку ноќта портата не ја отварале а и утринава ја нашле заклучана; притоа и објаснувањата што ги добил од дежурниот лекар Јованов се движеле во слична насока.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Презимето го добив од деда си, кој едноставно се грижеше за мене и кој често нагалено ме викаше: „Дедино“.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Оние две слики баба ми ги добила од некој новинар, кој специјално се искачил да ги снима ученичките во акција - пошумување на голините на Водно.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Дури и да се обидев да му се спротивставам, тој не ќе попуштеше, туку ќе почнеше да ми објаснува за некои опасни заразни болести што се добиваат од нечистотија, мајка ми ќе продолжеше во негов стил, а мене таквите нешта ми се страшно здодевни, зашто ги знам веќе напамет.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Шишман се фати за појас, ја откачи матарката што ја доби од Французот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
„Така некако“, рече Мише, „но најмногу на него се сеќавам поради пијанството и шлаканиците што ги добивме од наставникот по фискултура кој им беше како некој војвода или командант на браниците.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Наместо оттаму, писмо добивме од Ташкент.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мевлид ги информирал за условите во кои ќе бидат принудени да живеат, советувајќи ги да бидат штедливи и внимателни, затоа што немало никакви услови да добијат од некого помош.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)