Јана по најмекиот килим газеше како по груб, дрвен под, со воздржан презир ги победуваше во тенис, секоја недела, машките партнери (а на големо задоволство на групата дечиња, што слепени за мрежестата ограда, ги следеа партиите), во најжестоките турканици по градските улици возеше минимално во трета, а откако ги пушти веѓите, доби тврд речиси андрогин изглед.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)