Изненаден од новата појава, Јехуда се сврте и го виде возбуденто лице на таткото на Алегра, се подврати ја извади капата збунето поздравувајќи со мал наклон и кревање на капата, а потем забрза да ја стигне девојката, која стеснета од возбуда, споро чекорејќи пред него во улицата, гледаше напред за да ги избегне љубопитните погледи на стариците од зад пенџерите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Алегра го поздрави Јехуда со срамежливо мавкање и продолжи да чекори напред, додека тој неколкупати кимна со глава и побрза по неа. - Анјус мучус ди алказар!13 – им довика мајката една од пуримските честитки, а зад неа се појави маж ѝ кој се потресе од премногу отворената желба и ја боцна жена си по слабината, а самиот не издржа и зад нив довикна. - Пурим алегре!
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)