додаде (гл.) - уште (прил.)

Големиот Брат додаде уште неколку забелешки за чистотата и за едноставноста на животот на другарот Огилви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Не ми требаат твоите шеги! - му рече остро и налутено Веле и додаде уште поналутено: - Разбра ли?
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Роботичкото присуство ѝ додава уште еден аспект на виртуелната реалност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Телеприсуство.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
А после Симонид изнајде и додаде уште две букви, писателот Епихариј изнајде три букви и се собраа 24 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Има, навистина, 24 букви, но не ги исполнуваат со нив книгите, ами додале уште 11 двогласки и 3 знака за броевите 6, 90 и 900, та се збираат 38 букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Кон нив Кадам Милетски додаде уште три букви.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
А, оваа тетка ми, баш би ја истепала со задоволство.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Знаела и да свикува – си реков и ѝ додадов уште еден поен плус.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако ги додадеме уште и култот на келтската митологија и гралската мистика (што на службениот фашизам му е потполно туѓо), тогаш пред себе го имаме едниот од најугледните фашистички гуруа, Јулиус Евола.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Секако“, мислам богохулејќи, „во такви случаи боговите помагаат, испраќаат коњ кој го нема, поради итноста додаваат уште еден, па уште и те даруваат со коњушар.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ставаат пред мене чаша рум, стариот ме тапка по рамото, предавањето на тоа богатство ја оправдува интимноста присутна овде.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)