При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ти одлетува паметот по она што си можел да бидеш а што не си, и ти тежи снагата што ти останала да го доживее крајот - на она за што не си виновен а за што си одговорен - својот сопствен ситен живот.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Го доживеа крајот на светот. Доби несовладливо чувство на задушување што брзо премина во депресија.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)