Тој не само што ќе пресуди неговата земја да се ослободи без пролевање крв, туку ќе придонесе Тунис да доживее вистинска цивилизациска и економска преродба.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Одговорот на здравите луѓе на таквата несигурност обично е напнатост, но луѓе чија перцепција е под влијание на болест може да доживеат вистинска вознемиреност кога се соочуваат со двосмислени ситуации. 3.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Има одбрани предели во светот, кајшто се судираат копното, водата и воздухот, и од каде најсилно струи духот. Таков е пределот на Охридското Езеро.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко конечно ги напушти големите идеи за заминувањето, но во него избледуваше и идејата дека до крајот на својот живот ќе го доживее вистинското враќање кое, сега, како да ѝ го оставаше во надлежност на Мајка.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во доцните августовски денови, кога бреговите на Езерото се чудесно обележани од најубавите сончеви залези во светот, поети од светот бараат место во вечниот Парнас, само еден од нив доживува вистинска конгрегација, станува добитник на златен поетски Венец, а во катедралната црква Света Софија, му се приредува поетска вечер, како колективна молитва на поетската вистина на планетата Земја.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Оваа генерација јагули ќе доживее вистински масакр во турбините на новите хидроцентрали при враќањето од среќниот трансокеански егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Птиците ја прелетуваа границата, но само на езерските јагули, кои патуваа преку балканските реки и Медитеранот до Саргаското Море на Атланскиот Океан и назад низ новата генерација, не можеа на последното враќање да ја минат границата која луѓето по милиони години им ја испречија на патот со градба на неколку хидроцентрали во Албанија и Македонија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)