Затворениците требаше да се вратат во затворите, меѓутоа Сталин им се смилува, ги ослободи, а тие кутрите, работејќи на каналот, ја доживеаја најголемата казна. Беа повеќе мртви, отколку живи.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Татко го упати погледот кон врвот на својата библиотека каде што беа наредени Библијата, Куранот и Талмудот и мирно продолжи: – Според Мојсеј, Христос и пророкот Мухамед, човекот го доживува најголемото страдање кога ја напушта родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)