Курсот имаше за цел да се разбере како дејствува оваа противакултурација, точната логика според која субјектите што се геј- мажи им се опираат на повиците да го доживуваат светот на хетеросексуални и на хетеронормативни начини.
Тоа е целта и на оваа книга.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)