И во стравот да не ја загубиме засекогаш, постојано ѝ долевавме тензија, не ја остававме да стивне, ја форсиравме нејзината присутност, ја удвостручувавме нејзината магесна заводливост во доживувањето на стотинките од мигот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)