донесе (гл.) - вино (имн.)

Богатин го донесе виното, полна кофа, и тој зеде да пие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Расчувствуван до крајни граници, дајреџијата стави рака во џебот со парите и гласно извика: - Вино, донесете вино...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еј, вие таму, вино. Донесете вино. Уште вино. Вино... Пиеше... И пак пиеше...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Андон замолчи за миг, премислувајќи нешто, потоа причека да замине келнерот кој во меѓувреме им го донесе виното, и во шепот, како за себе, продолжи: „Да, јас тоа го знаев, но ме изненади неговата смелост тој, нејзиниот маж, нашиот Стево, да ми го каже тоа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Тогаш малку вино. Вино тебе добро прави. Седни, Рози, седни. Ја тебе донесам вино.”
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Почекај ме... Ќе донесам вино. Најпосле јас и не сакав да војувам со тебе. А ако сум те видел ваша милост, веќе нема. Друг сум јас сега.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Мејанџи море, мејанџи, Донеси вино, ракија, Да пијам да се опијам На бели гради да заспијам Стамено, Стамено, Де гиди, пиле шарено
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Дане, дај сега пари за вино. Да честиш за името. - Па нели комшијата ќе донесе вино?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)