донесе (гл.) - вода (имн.)

За време ужина Дамче отиде во населбата за да донесе вода за своите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа, таа вечер, притиснати од стравот, момите и невестите не отидоа, како дотогаш, придружувани од малите братчиња и сестрички, да наполнат вода од чешмите; се задоволија да се исплискаат со вода на бунарите, да си постојат таму, да се изразговараат и оттаму да донесат вода за домаќинствата, а редовниците уште со видело поставија за вечера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На некоја станица таа го замоли другар му да донесе вода.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
По вечерата Никола праша. - Е, Гоце, како... како помина со учењето? - Добро поминав.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Рушка донесе вода, сите ги измија рацете и вечераа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- И после? - праша татко му.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Брзо, донеси вода! - нареди Султана.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
АНА: Не џанам, се облеков за да појдам на чешма, да донесам вода за вечера.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Требаше да се смете внатре во колибата, да се средат расфрланите работи, да се донесе вода, да се измијат паниците, лажиците, требаше да се истресат и чергите, кои дедо му од есента сигурно не ги имаше изнесено надвор.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Овцата што вчера се ојагни не сакаше да стане и да го остави своето мало јагненце, Снежанка, па Бојан и донесе вода во една дрвена копанка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ни донесоа вода и крпи, ама и водата мрзне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога престана да зборува, со рака даваше знак и кажуваше што треба да се направи: да се отвори прозорецот, вратата, да му се донесе вода, да му се стави водена крпа на челото, топла ќерамитка на нозете.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога еден ден престана и тоа да го прави, шепна со бес во гласот: „Ах, ме начека, мамето... Ме најде на тесно...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Му реков: „Те прашав за девојката што ми донесе вода. Кажи ми што сакаше да ми кажеш.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пролет е и созреваат момчоците, сакав да викнам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето нададоа викотници кон буљукбашијата, а овој нареди, та донесоа вода и ја потурија Сирма.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Откако ќе ги изгаснат сијалиците во нашите соби и ќе ни речат „Пријатно“, ние двајцата ќе побараме да ни донесат вода за пиење...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Видливо охрабрен, продолжи: - Југославија изгради големи брани во Тунис. Ни донесе вода, живот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трајче донесе вода. Огнен и Горјан слатко се напија од студената вода.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тие ѝ донесуваат вода, ја метат куќата, перат, мијат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Тогаш ништо не ми рече, само уште еднаш отиде до чешмата и донесе вода во кофичето.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Хернандо кимна со главата. „Ќе ви донесам вода.“ „Побрзајте, ве молам!“ викна една од девојките.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Донеси ми вода. - Добро, Јоне, ќе ти донесам, велам, колку сакаш ќе ти донесам вода, само не пијај отрови, не пусти си ја душата, не пусти ми ја и мене.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Устата ми е пресушен бунар, суводолица. - Вода, викам, донеси вода!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)