донесе (гл.) - книга (имн.)

Веруваше дека Камилски сигурно ќе донесе книги за двете клучни теми балканските јазици и јаничарството, во кои решија да се вдлабочат, во потрага по клучните идеи кои би му се спротивставиле на балканското проклетство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски се сети дека на Татко од Париз му ја донесе книгата на Наум Вајсман, Јаничаритtе (одбранета дисертација на париската Сорбона во 1938 година), а тој, понесен од оваа книга, мислеше дека конечно може да го заврши поглавјето за јаничарството, па потоа да го заврши и проектот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
“Ти ја донесов книгата за која толку многу ти зборував минатиот пат,” му рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Васил Главинов во Велес, покрај другото ги донел книгите “За братство и социјализам“ од Васа Пелагиќ, “Е ли крива судбината“ од Љубен Каравелов.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Видов дека овој пат си донела книги, рече едно време тој. Да, реков јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Недамна еден мој роднина кој живее во Лерин ми ја донесе книгата „Историја на грчката граѓанска војна“. Многу интересно четиво.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ми донесуваше разни подароци, некогаш топка, некогаш музиче, а тоа лето ми ја донесе книгата на чии корици пишуваше: „Народни песни за Крали Марко“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе ти ја донесам книгата. Мораш да ја прочиташ. Сигурно ќе ти се допадне.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ѕвончето ме спаси. Немаше време наставничката да побара да ја раскажам содржината на „Двојната Лота“. Ѝ се заблагодарив на Елена што ми помогна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Нели сме другари“, ми рече едноставно, „не треба посебно да ми благодариш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И викнала при себе тој што донел книгата и го питала за сите работи што са жали тамо, и дала му дар и рекла му: „Кога ќе да си идеш, да ми се кажеш.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)