Ние не смееме да заборавиме дека нашите глави и понатаму ќе му требаат на овој народ и мораме некако да ги спасуваме.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Чорбаџи-Дико знаеше сѐ за Бошка и затоа, кога овој седна спроти него, не го дочека ни да почне да се поплакува, туку си сркна од кафето што тој час му го донесоа момците и офолито, со потсмев во гласот, му рече: - Зарем на еден Лумана најде да му одмаздуваш, бре главо будалска.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
— А колку е точна таа вест што ја донесе момчето? — направи забелешка Лука и страшно се намршти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)