Дури по два дена попладнето ми ги донесе назад.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Ама, вистински би се препалил да го знаеше и ова: илјада и петстотини јаничари беа пуштени по Румелија и тие требаше да испофаќаат и донесат назад во Турција уште двапати по толку млади робови на околу петнаесет години, што ќе ги држат после под строг надзор уште шест години, додека да станат јаки, скромни и послушни.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Стале ја изврши задачата на општо задоволсгво и донесе назад масло, маслинки, риби, вино и други продукти што му ги испратија од манастирот за чифлигот од дедо Арсенија.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Разлутен еднаш ја донесол назад кај нејзините во чергата и заповедал да ја истрижат; нејзината коса ја фрлиле во вирот, а потоа и неа, и Шава, ја фрлиле во вирот, намачкана со смола и со катран и запалена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)