донесе (гл.) - овде (прил.)

Како питом зајак, помисли Отец Симеон. Како питом зајак, донесен овде за опити.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ненадејниот полумрак ги завитка сите предмети во лилава таинственост а на Јана ѝ се стори дека во таа соба на татковата куќа е сѐ туѓо и непознато и дека од негде е донесена овде да се морничави и со зачуденост да гледа долу, на улица, како водата ги лока камењата на старата калдрма.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
- Ќе ѝ речам на Марта да ни го донесе овде, ме мрзи да слегувам долу.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Тоа дете, имаше многу лоша среќа, мајка му почина таму во Австралија ... едвај успеав да го донесам овде, колку-толку, да му обезбедам дом и некаква грижа ... потоа доживеа сообраќајна несреќа и го загуби едното око ... и таа е балерина сега, во средното балетско училиште ... но немаме никакви средства за да напредува во училиштето, а многу е талентирана ... огромна штета би било...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Профим настојуваше да те земе од болница и да те донесе овде, а таа, вчудоневидена, потресена од она што Профим го сторил, почна да паѓа во несвест. Ѝ беше тешко, ги земаше девојчињата и бегаше кај мене; јас ги прибирав, но немав што да им правам, со што да ги хранам.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Која вистина?“ „Таа дека тој е донесен овде...“ „Не е точно!” згрми Профим и удри на масата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
АНТИЦА: (влегува). Не му е срам, го донесол овде!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не сум јас никаков свети Јован да ме молиш. Богат сум, сиромав сум, сеедно. Постам и се причестувам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не сум арамија, му реков. За доброто твое патов ме донесе овде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Вардејќи лозјата видел во едно лозје како да му се сенело некој чоек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Многу пати момчето се здечкуало со друзи момчиња, алаџак внуци од браќа, и многу пати му велеле: - Ајде бре, па и ти ќе зборуаш, што од патои те донесле овде!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
„Нѐ донесоа овде со првата група, во зимата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми дадоа лесна работа, во кујната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нас ни донел овде Бог заради неа. Земете ја да ја отнесеме дома.“
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)