донесе (гл.) - и (чест.)

Ристе веќе донесе и мезе. He како кај Лесната: само сирење и јајца, ами извади, пезевенкот, и разни шарени шеќери, суво грозје, леблебија, смокви, та дури и еден пјат сторени пиперки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Петре донесе и вода, и по заповед на Кулета, отиде да го удри клепалото, оти дури не удри клепалото, селаните не знаат дали е дојден попот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ами вака ли ме кандисуаше, побратиме, да ви се придружа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Заедно со добрините за интересите на Македонија, изброени погоре, името Бугарин донесе и негативни резултати за револуционерното „дело”: Името Бугарин и нееднаквите уверувања пред Бугарија и пред Европа за судбината на Македонија по нејзиното ослободување создадоа полна недоверба кон нашето „дело” од страна на европејците, мислејќи го за итрина – не македонска, ами бугарска – за маневар на бугарската влада да се реши македонското прашање поскоро.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Личните документи го ублажуваат општото чувство на живеење во Лимб, со личните документи веќе можат да се донесуваат и животни одлуки.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко од Цариград ги донесе и француско- турскиот, турско- францускиот, како и арапско- турскиот речник.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дале драгоцен придонес во развојот на трговијата и занаетчиството, посебно во златарството, кожарството, винарството, угостителството, производството на свила и ткаенини, а не мал број од нив биле и угледни лекари, аптекари и банкари.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се донесе и кутијата на одлуките, во која секој од нас требаше да спушти по еден лист на кој претходно требаше со калем да се сочини крст, како знак за согласност со приемот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега следуваше да му донесат и нему.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И на коњоштипите ќе им пееш. Не само попски. И дервишки.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ти, Орлене, ако сакаш донеси и каца ракија. Жудлива, скиселена ... Сеедно. Ќе се нурнам со сѐ опинци - ништо. Ќе се обесам ако не ме најдете сув.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дедото Петко, зборувајќи за селото, пренесувајќи поздрави од едни или други, од блиски или далечни, донесе и една приказна за тоа како купил место за нова куќа, го платил местото, а останал и без место и без пари.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Решението се донесува писмено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По исклучок, во случаи предвидени со овој закон или со прописи донесени врз основа на закон, решението може да се донесе и усно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, нема да се донесе пресуда поради изостанок и кога таксативно се исполнети овие законски услови – доколку 192 судот најде дека се работи за барање со кое странките не можат да располагаат (чл. 320, ст.1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа пресуда може да ја донесе и претседателот на советот, уште во текот на подготвувањето на главната расправа (чл. 264, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Донеси и смокви, вели Григор, смокви имам да ја натепам и Бугарија и Германија и... и си го поткасува јазикот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе донесам и јас ракија, вика, и аз ште черпа, вика и се затрчува кон реката, се враќа по ракија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)