Го слушав како уморно дише.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тој стана, јас се приближив до него. Си ги допревме главите кај слепоочниците. Крвта удираше во крвта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ја допрев главата до дирекот што ја потпираше колибата, и по неое време ми навре дремка.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Легна пред моите нозе, ја допре главата на шепите и болно заквичи.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Со двете раце тој ѝ ја фати главата и многу нежно три пати ѝ ја допре главата до прагот.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еднаш, пред еден месец, не сакаше да се капе во училишната бања; ги стисна рацете на ушите и главата, врескајќи дека водата не смее да ѝ ја допре главата.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Со знаењето за неталентите бев задоволна, а за талентите, сметав дека треба самите да знаат да ги допрат главите на „невините жртви“ од наивно-љубопитната публика.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)