Млекарки со полни ведра кога се враќаат од молзење и разбој и на него мајка ти врз бесконечната ливада на веленцето што го ткае спроти Велигден да гледаш постапно како никнуваат на милиони цвеќиња, тревки, плодови и незаборавна, точно во тие години, во пределот на првиот допир, да почне една војна, постапно да го изумуваш својот татко, тој да исчезнува низ времето, да потече и крв од твојата нога за да сфатиш дека твоето детство стои допрено како божјак до војна и молчи...
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Би можела да те допрам како некогаш и тогаш... и да ми ги кажеш најтажните нешта ....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Разбуричка по старите работи и пронајде пепелав фустан, скоро како нов, што го носеше пред да биде расипана од агрономот во гаковските угари. Споменот ја допре како студен здив.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)