Но Френк не сакаше ни да чуе; се беа договориле дека неговиот збор ќе биде последен за ваквите работи сѐ додека е во состојба да одлучува, а тој е решен да не допушти работите да дојдат дотаму да не може. Ü забрани дури и да му телефонира на Донат за да го најави нивното доцнење: ако не му биде добро кога ќе дојде времето за облекување, таа ќе замине според договорот, а тој ќе се придружи подоцна.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)