Колективен спор Единствената рогација на ЗМРРС донесе најмногу промени токму во оваа категорија, каде од вкупно 13-те членови кои ја регулираат материјата на колективниот спор, измени претрпеа дури 8 членови: а) дојде до продолжување на рокот, од 3 на 5 работни дена, по поднесувањето на предлогот на една од страните, во кој министерството надлежно за работите од областа на трудот го доставува предлогот и документацијата до другите учесници, да се изјаснат дали прифаќаат учество на помирувач во процесот на колективното договарање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)