Решението за престанок на работниот однос го донесува директорот на јавното претпријатие, против кое работникот има право на жалба до управниот одбор во рок од 8 дена од приемот на истото (чл. 37ч). 110 ЗАКОН ЗА СТЕЧАЈ Законот за стечај (ЗС) е донесен во 2006 година,108 со што престана да важи дотогашниот Закон за стечај од 1997 година.109 За периодот на нашата анализа (2010 – 2014), новиот Закон за стечај има претрпено вкупно 4 изменувања и дополнувања.110 Со рогацијата од април 2011 година дојде до намалување на износите на глобите предвидени за должникот – правно лице и одговорното лице на должникот – правно лице, (чл. 6 од ЗИДЗС/апр.11) трговецот – поединец и одговорното лице на трговецот – поединец, (чл. 7 од ЗИДЗС/апр.11) а беше воведена нова казнена одредба за стечајниот управник кој нема да внесува или неажурно ќе ги внесува и доставува потребните податоци. (чл. 8 од ЗИДЗС/апр.11) Со измената на Законот за стечај од 31.05.2013 година е предвидено дека одлуките за објавување на повик за одржување на собрание на доверители, како и известувањето за вршење увид за во план за конечна распределба на средствата и известувањето за вршење увид во табела за утврдени или оспорени побарувања се објавува на веб страницата на Централниот регистар на РМ и во еден од трите најтиражни дневни весници кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија. (чл. 3 од ЗИДЗС/мај.13) До дополнителни измени дојде и кај побарувањата од повисок исплатен ред кои дополнително беа дополнети и со придонесите за здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност. (чл. 66 од ЗИДЗС/мај.13) Третото и четвртото изменување и дополнување од ноември 2013 и февруари 2014 година не донесоа некои позначајни промени кои се поврзани со остварување на правата од работен однос. 108 Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)