достигне (гл.) - свој (прид.)

Тие својата доверба му ја дадоа на водачот, овчарот, кој ги изневери - на лажен и лош родител.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега, кога длабоките последици од поразот, разорувањето и срамот ја достигнаа својата кулминација, тие мораа да се соочат со студената омраза на светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
“Наслови како што се Елен предводник или Гробот на Џингис-кан”, кажа Бојс, “можат во основа да се интерпретираат како психолошки.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, сега, некогаш потиснуваните емоции, како да се подготвуваа да го достигнат својот врв.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше тоа еден кус временски период во којшто експресионизмот во Берлин го достигнал својот врв, како во интензитетот на заострените, строги канони на формата, така и во силата на видовитите описи.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Дали покажуваат оти движењето ја достигна својата цел?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пропагандите најпосле само можат да ја достигнат својата крајна цел – дележот, коешто не го сакаат и оние што се против националниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но еве кај Павле тоа лошо настроение се зголемуваше сѐ повеќе и повеќе и го достигна својот краен предел: оставката.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го вклучувам компјутерот и играм “SIM-City”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Играта ја достигнува својата кулминација кога едно џиновско чудовиште го 81 напаѓа мојот град.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ќе се издигне над обичната свера и ќе го достигне својот врв.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во негово време Србија го достигнала својот најголем подем во однос на освојувањето на нови територии.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во мигот кога заглушувачката врева ќе ја достигне својата кулминација и ќе стане неподнослива, гатачот го повикува домаќинот да ја отвори вратата: Отвори бре домаќине, запали кира борина, врзи си гаќи в темнина да видиш лика и прилика да видиш наша невеста, како лепетит, како треперит, како полска пеперутка, како прилепска мандулка.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Осврнувајќи се на националноослободителните борби на македонскиот народ, тој посебно се задржува на перспективите на Македонија по ослободувањето, бидејќи тогаш „македонскиот патриотизам го достигнал својот врв“, што предизвикало „големи тешкотии за миротворците“, бидејќи „од два и пол милиони Македонци, само еден милион живеат во границите на југословенска Македонија“, а остатокот „сѐ уште се наоѓа под грчка и бугарска управа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Според неговите согледувања, од тогашното расположение меѓу политичките кругови во Бугарија, „четириаголникот Горна Џумаја-Разлог-Неврокоп-Петрич ќе биде дел од македонската држава“, додека проблемот со грчката граница, како што забележува М Вестерн, е многу чувствителен, и покрај тоа што никој не можел да го оспорува фактот дека зоната меѓу Лерин и Солун е „населена со Македонци, кои малку се разликуваат од нивните роднини северно од границата“, а „Солун е природно пристаниште на областа“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
-Сега знам дека си го достигнал своето просветлување!
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Исто така, постојат многу луѓе кои од незнаење, немоќни да го достигнат својот врв на храброст, се доведуваат во ситуација да ја загрозат сопствената одбрана.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако човекот успее да ја достигне својата неврзаност со тие нешта, а во исто време да остане поврзан со природната околина во која живее, успеал да ја освои среќата, да го достигне нивото на највисоката вистина: постоење заради постоење.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Подзапре, а потоа повторно забрза како оваа патувачка баханалија да мораше да го достигне својот врв и да заврши пред да се нурне сонцето в море.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)