По извесно време, по далги од убојна тишина и облаци прашина, во миг кога командантот се ежел и кострежел да го сотре и докрајчи Нуне Волта, да ја фрли и изгази, смеле и дотолчи пред сите и на туѓите и на своите, неговата „Пакс-верс теорија“, некаде од длабочината на фронтот, од непријателската страна, се зачуло далечно хорско исполнение на стихови. Стиховите станувале сѐ поблиски.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)