Така исповрзани ја дочекаа зората, кога дојдоа педесетина сејмени и ги повикаа да излезат од кулушот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Така заштитени војводите и четниците ја дочекаа зората.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Завртени грб со грб, како два различни света, новопечените младенци бессоно ја дочекаа зората.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Така, префрлајќи се ја дочека зората и стана, се спреми за на работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Добро... Откако дочекавме зора, слеговме долу. Зелена лединка легната на блага угорнина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ја наполни лулата со тутун, ја запали и буден ја дочека зората гледајќи како ѕвездите полека се губат на небото, небаре тонат во некоја длабока, сина вода.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Само двајца луѓе со по една маска излегоа на мракот од селото и тргнаа во два разни правци.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)