Кученцето под нишалката тажно врти со опавчето.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Бранчето на левото рамо уште ми дошепнува дека сака вардење од змијолики насмевки и од врели бакнежи за среќен роденден.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Баш сега, додека стопанот го затвора прозорецот, црешовиот цвет дошепнува дека човек кога е мртов станува омилен.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Оптегната на возачкото седало на својот Рено Турбо, таа, со мангупска насмевка, ми дошепнува дека што се однесува до постелата, внукот не загубил ништо од револуционерниот дух на својот дедо.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)