дојде (гл.) - брат (имн.)

Тогаш во собата на Отец Симеон набожно дојдоа браќата и со неизмерна меланхолија во очите покорно се наведнаа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Што ќе речат: дојде брат и нас не фрли!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пак една од жените ни рече: „Трчајте дечиња, кај Кате, кажете дека е дојден брат и од Америка...“
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Како што викнаа: „Дојде брат ти Анѓеле“ ја оставивме нивата уште за малку недожниена. Ќе ја испасат ајвани.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
МИМИ: Дојде брат ти. СИМОН: Стево. Марш дома! Од кај го знаеш ти брат ми?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
– Имам, имам; дојде брат му на Фета-бег овдека и ми донесе сељам од двајцата: постариот и помалиот, а средниот... – тука Мамут воздивна уште подлабоко и ја ничкоса главата, – средниот веќе отиде кај големиот пророк.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
По некој ден дојде брат је од девојчето што блуеше змиулчиња и кога се научи оти како јет работата, ја осудило мајка си оти така напраила и оти ја пизмела паштерка је.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си биле двајца братја. Тије секога се карале меѓу себе за праината и за кривината, која је поарна, дали праината или кривината.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Едно облачно пролетно попладне, во кое очекувавме дожд па затоа наместо да излеземе во паркот останавме во своите кревети, во Гнездо дојдоа браќата на Добрата Душичка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој им кажал невистини за нивната сестра, она чување на тивкиот оган меѓу неа и Макс им го раскажал како нешто друго, како којзнае што друго, и кога влегле во канцеларијата на доктор Гете, прво што му рекле било дека не ја донеле својата сестра во психијатриска клиника за да се курва, туку за да се лечи, и побарале од него да ги одведе кај неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко ми нервозен се заканувал, кога ќе дојде брат ми, дека ќе го истепа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Лекарот, со брзи и тивки чекори, се упати кон друг пациент. Дојде брат ми.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)