Анѓа докажува дека е неспособна за работа и бара само едно: да добие пензиичка, зашто смета дека токму сега дошол моментот за тоа.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Како да беше дојден моментот да ми каже некои работи за себе.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Ете дојде момент да ми кажат каков човек бил, сфатив зошто сите така чудно ме гледаа во Западот кога ќе им кажев кој ми е дечко и дека сум дошла таму за да живеам со него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
По само една недела Јана знаеше дека е дојден моментот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Скриени се и недоверливи, но најпосле, кога ќе дојде моментот, и тие, како сите луѓе на светов, ќе го отворат срцето и ќе ја искажат својата благодарност.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Останува во тајност, додека да дојде моментот тоа да се случи.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Можеби е привремено позајмена, за да дојде моментот да ја заменам, со онаа што навистина ќе биде моја.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Во паузата што по овие зборови ја направи, авторот си рече: Сега дојде моментот кога заради рамнотежа ќе ги репне левучарите во корист на грчката десница.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Глигор знае кога ќе дојде моментот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Неговата кариера течела како да нема никаква сенка, но дојде момент, кога почна јавно да се зборува за масовните погибии без суд и за тоа кои луѓе биле егзекуторите.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Дојде момент за мојата омилена тема - мачката, и штом се реализира сѐ така по ред и малото тробојно топче ми заспа во рацете, кивнувајќи неколку пати и притоа испуштајќи по некое кломбурче млекце низ носето од првиот оброк со локање, јас се вдадов нашироко да распредувам.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Од она зазбивтано ѕвере сега го делеа смо уште неколку десетини метра, само уште некоку негови скока, и тој сега имаше во своите жили мраз, но знаеше дека беше дојден моментот кога веќе не може да се стори ништо со пукање во тоа распафтано бреме од цврсто врзани мускули, слеано и згрчено во скоковите, што наближуваше кон него како виор.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Почувствував дека беше дојден моментот да се вмешам во разговорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Чувствувам дека е дојден моментот да ја изречам и онаа моја последна наредба.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)