Бино знаеше каква е работата со Крлета и Анѓа, но пак напиша молба и ја прати до училишното настојателство во Прилеп и за десет петнаесет дена дојде одговор: да плати поп Петко две лири годишно ќе биде примнат син му Крсте во пансионот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од оваа невообичаена преписка на православниот високосвештеник и централната команда во Берлин, Беренц и Лит беа наполно збунети. Останаа да исчекуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Германците не презедоа никаква акција, а како за чудо, на пораката на Владиката дојде одговорот од Берлин по радио-врската, во кој меѓу другото стоеше напишано: „Евреите на Закинтос ќе останат на островот со одговорност на митрополитот”.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од кај нагорнината дојде одговор со малаксан глас.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)