-Разбуди го, ќерко, разбуди го - мирно одговори старецот.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
-Вадја, дојде тато - насмевнувајќи се изговори Наташа, втрчувајќи во собата на Вадим.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Не забележавме кога дојде татко ми. Тој во ова време беше обично на работа.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Така, како дојде татко ми на помислата дека Чанга со козите се наоѓа во Калето, не беше тешко да се открие.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Мајка ми сети оти е дојден татко ми. Мигум се стори пред нас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од таа чудесна дремка ме расони часовникот- кукавица.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Отчука трипати и со тоа навести дека набргу ќе дојдат тато и мама.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Полека тонев во некаква чудесна дремка...
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Пак во хор се јавуваат мајките...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Жарко бре, доста, ајде, си дојде татко ти за ручек.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Не барај! Премногу е опасно. Кога ќе дојдат татко ти и мајка ти, разберете се.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ќе дојде татко ти и не ќе има што да вечера. Да оди да купи леб. Па тоа е страшно!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Но, ништо од сето тоа не ми беше важно, само да дојдат татко и мама.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Бидејќи бев во вториот ред, се поткренав на прсти за да видам дали дојде татко ми.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Во овој вид приказнава живееше сѐ до есента во 1871-та; тогаш, зашто не дојде татко ѝ да си ја земе, Драганка како што кажуваа Јанческите, на двајсетгодишна возраст се омажи за Анѓела (крстен на деда си) Атанасов Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тогаш си дојде татко од Преку за да ја види мајка. 17
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
По едно десет дена дојде татко ми со овците од планината и кога ме виде прво што ме праша беше: Што ти е, дали си болна?
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Таа дојде и легна во плевната на стомакот а јас ја истурив целата чинија со лутите пиперки врз стомакот и сакав да ја тријам, но кога тие лути пиперки пробија насекаде, таа списка Потоа дојде татко ѝ.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога ме отпуштаа, дојде татко ми, со Борко заедно, ме зеде да ме носи дома.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
...се набљудуваме еден во друг ја храниме жедта сѐ повторно се враќа сé повторно бега утрата ги засолнуваат крвавите траги во зеницата ја потиснуваат вистината на ноќта под погледот добро утро убав ден им отпоздравуваме на соседите мило мое ги гушкаме децата ќе ти се јавам им телефонираме на оние од кои не бараме премногу вратите се отвараат и затвараат куќите повторно градат повторно уриваат... ...дојди ми го извикуваш името змиите се множат толку брзо секој миг отровот ќе се разлие зарем тоа го сакаш да умрам за обајцата отфрлена осрамотена дојди татко си ми и љубовник спој се со мене заштити ме дојди ќе газиме по змиските глави ќе го минеме очајот без да погледаме надолу ќе се разбудиме во истата постела и нашите облеки расфрлени околу...
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Куќата ми се отвори откако ми дојде татко ми. - Кој татко, баба Цвето?
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
- Убава ли ми е песната? - Убава, баба Цвето.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
И Милчо ги чувствуваше како втори родители: приврзан беше кон нив, а и кога ќе дојдеа татко му и мајка му од работа или во неделите и празниците кога не одеа на работа, тој пак со баба му и дедо му си играше и се шеташе.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Сè беше како секогаш кога се враќа од работа: ќе седне малку да здивне, ќе ме распраша како ми минал денот на училиште, ќе почека да дојде татко ми и да се прибере брат ми, па да ручаме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Јас се фрлав од едниот кон другиот, тие ме креваа во раце, се бакнувавме и се гушкавме сите четворица, па ми раскажуваа како сите тројца одамна знаеле дека таа среда е ТАА мојата што ја чекам „илјада години” да дојде, дека криеле од мене за да не се случи да пропадне планот, па да се разочарам ако дознаам...
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Бевме сами дома и тамам јас очекував да почне да се интересира за моите дневни новости, таа сосема мирно, како да ме прашува дали сум гладна, го изговори следново прашање: - Бреза – праша со обичен глас – дали мислиш дека ќе можеш да се спакуваш до утре, за во среда да заминеме за Париз?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
А, пак, кога дојдоа татко ми и брат ми, дури тогаш беше вистински празник.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)