И напишаа: „Пратете ни политички кадар, членови на ЦК да дојдат в планина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но ми дојдоа в рака, цело снопче, токму како што кажа Лауш.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Денеска веруваше во тоа дека ако човек е доволно стрплив, сѐ што чека самото ќе му дојде в раце. ***
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Па? Не одговори ни за иследникот ни за себе, како што не можеше да одговори на набожното прашање еднаш, порано, ни оној калуѓер што дојде в болница смерен, набожен и со гонореја.немаше сили и не сакаше да одговори, како секој осамен, изгубен, безнадежен човек.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Некои жужлиња веќе ми дошле в уши и дрвото, над нас, ми полетува кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Утредента еден од офицерите дојде в село кај Полин со уште неколку војници да ги видат растенијата како изгледаат, каква форма имаат, боја, мирис, вкус.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Си ми дошол в куќа. Седни. Ќе се расправите мирно.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Меѓутоа, домаќинот се олабави, воздивна. Видливо капна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Знае понекогаш да ти дојде в нозе, да те подушка и да легне пред тебе. И тоа не секогаш.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Не е чудно скоро да ти дојдеме в град, затоа направи скица каде се германските ровови и утврдувања, каде и колку јачина војска има.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Ако дојдат в куќи да постават митралез, ти ќе знаеш што да им кажеш!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Срцето ми дошло в грло како да ме фатил зарек, како да сум почудена.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)