Тој седеше под една праска, обидувајќи се да му го намести скршеното крило на еден клукајдрвец кој не можеше да лета. Й зборуваше на птицата. – Што е? – рече тој. – Фармерот, Џон Биро, – реков јас. – Ја посети нашата куќа.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Колку чини имотот без коњ? – Не обрнувај внимание на тоа, – згрме чичко ми Косров. – Одев пеш десет милји за да дојдам довде, – рече Џон Биро. – Имаш нозе, – викна чичко ми Косров. – Левата нога ме боли, – рече фармерот. – Не обрнувај внимание на тоа, – згрме чичко ми Косров. – Тој коњ чини шеесет долари, – рече фармерот. – Јас плукам на парите, – рече чичко ми Косров.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)