Човекот не закажува па со часови чекаш додека „ординира“ во истата соба, па ги гледаш туѓите проблеми и ти е срам дека си дошол малку волја да „купиш“, за да те поттурне.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Жено, отвори ја вратата да дојде малу видело.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
— Не слушајте го, вели Ханс, дојдете малку во цивилизација.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога се исилува пред решителната акција одново да оди таму, командантот на местото му зборува како се надева дека наскоро лично ќе го покани во новиот базен на локалната бања во која термалните води имаат потврдена лековитост, срдечно го тупка по рамото и се смее со полните заруменети образи што откриваат страстен пијач, додавајќи дека, дури тоа нему и да не му е потребно, особено со оглед на претстојната работа, добро ќе му дојде малку релаксација.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Од кујната доаѓаше прекрасен мирис на кифлички со мармалад и по некое време мајка ми ми довикна: - Ведане, дојде малку!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Тато, - му викнав, - дојди малку нешто да те прашам!
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
- Ех, која љубов? – Позабошоти Дедо Мраз откако дојде малку при себе.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Така снемоштена, таа пак со рамото се навали на ѕидот да дојде малку на себе.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)