дразни (гл.) - и (сврз.)

А кога и тој еден ден ја забележа каде што го ѕирка, почна и тој да ја ѕирка неа, да ѝ ги гледа белините кога ја запрегнуваше кошулата правејќи го тоа полека и споро да го дразни и излудува.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Како тоа - мислеше, - како тоа, се наместиле тука гробници некои, ме дразнат и ми ја убиваат стрпливоста.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Митра, бесна од Илковата блага постапка спрема Доста, секој ден почна да ја дразни и предизвикува. A кога Доста ѝ се фалеше со Стоја оти ќе ѝ го „потполни самарчето“, одговараше: — Море бре, со шо ќе ме плашиш!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Неговото самоуверено знаење беше мачно за поднесување, а сепак дразнеше и повикуваше на долг пат.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)