— И му ја подаде раката: — Држ', држ држ ме да стана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Навистина, си изгледам буденброковски во сивото, сомотско куќно палто на татко ми, готов да го отпочнам разоткривањето на возбудливите моменти од семејната хроника, поткрепени со пожолтените фотографии, преполнети полици на библиотеката, заладеното вино во посребрените чаши: Убиството на прадедото Хаџи-Васков, прикажано во вечерашнава верзија со посебен нагласок на величествениот предсмртен гест кон атентаторот, - „Нека ти е простум, синко, ни самиот не знаеш што правиш“, ја тера Ева III, да ме стисне за рацете, а штом минувам на единствената љубовна приказна за Ѓорѓи, непокорниот син на Прокопија и српската учителка, мојата ноќна посетителка, сѐ уште цврсто држејќи ме за рацете, клекнува пред фотелјата и оддолу, ги впива секој збор во ширум отворените очи.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Ме изгладне со твојата глупост, на толку убави жени во животот им се замерив затоа што ти ме тргаше во нестварност држејќи ме како магаре за оглавник.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Да, токму себе, од времето кога нана ми, држејќи ме за раката, ме влечкаше кон црквата, кон божјата помош.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
— Држи ме да не паднам, вели Оливера Поточка, ене ги Лазор и Ристо, сега држи ме ти мене, вели и се надава да вика по нив.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Аљоша, држи ме ти. Не испуштај ме.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Држ ме сега за глава да ме утешиш.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не држете ме за збор, и сега сум спремен да тврдам дека со Стариот писател Зрновски заедно ги броевме редовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се разбира, при броењето се служевме со лупи. Или и оваа глетка ја имам сонувано?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Ги загубив рацете. Се чувствувам како да сум сакат. Мамо, ох, мамо, држи ме. Се плашам!“
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)