Ти си млада. Изгледаш нормално и невино. Ако се држиш понастрана од луѓе како мене, можеш да поживееш уште педесет години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но поради тоа што остават уметникот самиот да ги објаснува своите дела и со термини од неговиот личен метафизички систем - еден брилијантен микс од автобиографски цитати, позајмици од езотеричната доктрина на Рудолф Штајнер „Антропозофија” и делови од митови, алхемија и природни науки - не беше создаден убедлив естетски аргумент за уметноста на Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во екот на омаловажувачкиот напад Баклоу во 1980-та скулптурата на Бојс ја отфрли како дериват, неговите јавни истапи како „прости утописки брборења” а неговите изјави ги нарече криптофашистички, многу од Американските кустоси решија да се држат понастрана од Бојс.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Во раскажувањето и однесувањето кон гостите госпоѓа Мариела беше внимателна: се држеше понастрана од можноста да остави впечаток на отменост која, во суштина, и не беше својствена на нејзината природа.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Дури и кожата ѝ е рапава и како да се држи понастрана од нејзиниот костур.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш живеев во Заливското Подрачје на Сан Франциско, но намерно се држев понастрана.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако двигател на диското делумно беше геј-ослободувањето, неговите ди-џеи и играчи се држеа понастрана од политички експлицитна музика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не верувам дека тоа би можело да биде премиерот Мохамед Мзали или министерот Бен Сајах, кој се држи понастрана, наводно како американски човек.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Под уздата на своето пони имаше сместено неколку зелени гранчиња за да ги држат понастрана здодевните муви.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Му изгледаше привлечно да посети еден ранч на овци во тој миг.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
така после и Бугарите нѐ држеа понастрана, првин ни дадоа да подработуваме околу казаните нивни, околу јадењата и Стеван Докуз стана поразговорлив, почна и тој да арчи зборови: ами судбина, Мирче, ќе ми рече, така ни било пишано, а јас ќе му одговорам: да му се мочам во писалката на тој што напиша така и Стеван ќе ја сврти главата и ќе земе да трупи дрва и да дроби компири и ќе џвака нешто-што било, - ќе прежива со устата, оти тој кога сака и колку сака може да огладне, колку што сака не може само да се најаде, гладта, ко кучка му стои на желудникот, во дупнато решето водата николку не стои,
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)