Неочекувано дувна ветер. Заиграа мали, па поголеми бранови.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Немој да се зачудиш ако запловиме со него како на чун. Само да дувне ветер ...
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Криејќи го со капата не ја вадел ни кога спиел, а кога минувал по патот ја држел со раката за да не му ја дувне ветер или некој да не му ја тргне намерно.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
„Да не предизвикам пожар“ - си помисли, па го крена снопот и го постави малку подалеку, та пламенот, и кога би дувнал ветер, да не може да ги зафати ни плевната ни колибата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
На полноќ дувна ветер во црквата, сите светила ги изгасна, а јас во мракот видов ангел слезен од небесата, со калем во раката. „Не бој се, и колената твои нека не треперат толку; ти си тој кому ќе му се каже откровение за писмото ново за твојот род, оти Оној што ме праша вели дека ти со него одиш, ни пред него, ни зад него“, ми рече.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Потоа Димче помисли: „Сега нека дувне ветер и нека му ја однесе шапката на оној дедо!“
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Потоа Димче помисли: „Сега нека дувне ветер и нека му ја однесе шапката на оној дедо!“
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)