Та каков е овој живот, празен и тажен, ладен и безвреден, како празен предмет врз мене лага блуе, се мразам, се презирам, што самата себе си се газам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Право ли е овој што прават овие луѓе? — проговори мудурот.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И во времето што одмина од ланската година кога ѝ ги собраа трите чеда и им нарамија пушки, таа дури сега, за првпат, се опушти, и олесна и единствена желба ѝ е овој миг да потрае, да се одолжи во денови и да се развлече во години.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Најблизок пат до Видехова е овој - пак покажа со прст. - Треба да свртите лево.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Што е овој ѓавол?... Проклетина?... Солзи... страв... многу солзи... Косата си ја корнеше на глава...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
И самите веќе не знаеме кој по ред е овој музеј што го посетуваме.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Тоа, листањето на книгата, би било една бесмислица ако не е овој сноп невидливи зраци што го предизвикува листањето на страниците и така го одредува просторот, оној дел од просторот за кој секој за себе е свесен, во кој ја има поместено својата стварност.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
На крајот од краиштата, дури и да е овој свет, како што се вели, несовршен, сепак треба да сме убедени дека не постои нешто само по себе што на човека може да му ја земе верата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Врз кадифе глава веднам, но ми тежи мисла една, мисла тажна, мисла бледна: кој е овој зловест створ? Едгар Алан По
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Крик на ѕвер или на темна гора е овој неподнослив молк што нѐ враќа во пенливиот мирис на животот минат во долг ходник за чекање со горчлива сол што ни тече низ мислата низ вените низ изметот.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Го закопка љубопитството: кој ли е овој чуден другар?
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Да, драга моја Мила, многу е убав, прекрасен е, паметен е, нежен е, незаменлив е овој мој Игбал, ѝ шепнав како да е таа крај мене на килимот. И беше во тој миг.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ние тројцата летавме таа ноќ и чудесно убаво се чувствувавме.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Господе, што е овој бескрај, господе?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Исто ко лилјаците е овој Цветан: колку е потемница, толку му е појасен патот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Знам дека се потребни штици, и самиот го гледам тоа, луѓето набргу ќе немаат што да работат, единствениот излез е овој.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И ти немој да ме тераш да одам под тој дожд зашто доста ми е овој и сите оние што ме врнеле досега...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Еден пат е овој ти што дојде на Чебрен, друг оној на Светецот преку Лисиче за Витолишта, Полчишта, Сатока и Градешница; трет пат има од Скочивир, Будимирци, Старавина, а четвртиот од Тиквеш од Клино – Рожден – Витолишта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Се собрале на она место каде што се допирал нивниот имот, а тоа е овој, денешниов пат, па се смириле.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Знаеш ли кој е овој недоквакан младич што ни го испратиле како атентатор на Ѓорчета?
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Добар е овој Витомир, после си мислам, можеш и лулиња да товараш на него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Опасен е овој, Мирковиќ, си мислам, а очите ми солзат од некое маглиште, од некое натурено огниште, што ли? Ја поткревам главата од окопата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)