Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
МАЛИОТ: Курта е најсакан човек. Курта го сакаме сите. Курта е јас. Јас сум Курта.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Стравот е постар од песната, но во тоа е и големата предност на животот кој го бранам: сѐ што имав му го завештав нему, сѐ што можев направив за него и сосем природно е јас да го бранам него а не неговата сенка.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
На третиот ден остана да се сочини само уште отисок од првиот збор, за кој Филозофот претпоставуваше дека е јас, а клучот за тоа јас беше потписот од крајот на текстот, што прв беше умножен, и што според уката на Филозофот значеше: Дариј.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Но кога истото би ми се случило денес, би го сочувал.“ „Е јас не би“! рече Џулија.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)