Партијата на власт (меланж од Хард-рок тепачишта до тнр. „елитисти“), либерали-ротаријанци што не им пратиле ни пет кила леб на нивните сограѓани од Шутка, на пример, потенцијални нови центри на моќ збутани во екстремно жолти списанија, второкласни спортски клубови, море пиратирани филмови, телевизии ко видео-клубови - инертни и предвидливи, најнепрофесионалиот балкански државен весник „Н.Макетонија“ („Темница“ - популистичка глупарија, „Мртовечки здив во огледало“ - „независен“ лист со компактно најступидните колумни во историјата на новинарството) - тоа е духот на оваа средина?! Се препознавате?
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Помолча отец Иларион, отпива од виното и продолжи: - Свети Јован Златоуст вели дека душата човечка е дух умен, беспримерна и неописива убавина, самовласна, света, суштина сродна со небеските и бестелесните битија, вечна, бесмртна; слична на бога, зашто го носи ликот на својот Творец. А животните таква душа немаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој е дух... - му велеше таа.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)