На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Во пазуви ја носеле За муви ја менувале Под тезги ја криеле Горештини ја нагризувале На изгрејсонце ја молзеле На зајдисонце ја цеделе На клепки ја обесувале Клети шпиони ја толкувале Сешто ја нарекувале (Била калем Била и урна) Сега е литература Под сигнатура 49 К
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)