е (гл.) - разлика (имн.)

Фундаментална е разликата со традиционалната психологија и со биолошко/невролошките пристапи во опишувањето на когницијата.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Замислете само каква е разликата помеѓу Камингс и Роберт Донат во 39 скалила.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се обидов да ја добијам и Барбара Стенвик, а бев присилен да ја земам Присила Лејн.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пела и во сонот се појавуваше како сонце, бело бело и топло а потоа таа викаше бате Дончо јас и ти сме брат и сестра нели а тој нема глас да ѝ одврати дека тие двајцата не се брат и сестра само нивните мајки во исто време ги имаат родено и оти се најдобри другари им кажуваат дека се полубрат и полусестра и сакаше да ѝ каже дека се само две деца таа момичка а тој момче нели таа женско тој машко како што има жаба машко и жаба женско како што има гугутка машко и гугутка женско како што има којн машко и којн женско како што има вол машко и вол женско и ние сме како нив и токму ска да ѝ каже во што е разликата меѓу машкото и женското го изгубува привидот на Пела сонцето и белото и ќе врекне со широко отворени очи Их, пак само сон!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од шупло во празно претечуваат цели векови и ќе претечат уште многу и пак нема да им се угоди на таквите како Данте.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И пак нема точно да се знае, како што не се знаело и не се знае – има ли и колкава е разликата помеѓу шуплоглавците и полноглавците?
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И што побрзо да направам - да бегам пред тебе или со тебе заедно? Во што е разликата?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
„Исто како и пожарите. Брат ми имаше пожар во таксито.“ „Стварно! Види, мајката!“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Торнадо? Знаеш, никогаш не сум размислувала за тоа. Еј, Лин. што е разликата помеѓу торнадо и ураган?“ „Едниот е на море, а другиот на копно.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Едно сигурно знам. И едниот и другиот можат да ти надојдат за минута време.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Некој одзади оставил запалена пура или цигара. Изгоре како ништо.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Не е разликата во зборовите, вели Витомир, пувкајќи со цигарата, туку во луѓето што ги кажуваат тие зборови. - Луѓето се исти, велам јас, ״ама умот не е ист во луѓето“ , се присетувам на зборовите од Лазора Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)