Можеби памтењето намерно ме лаже
не е исто да се доживее и да се раскаже
можеби сонот е фатаморгана
и сонувачот
можеби оние кои ме повикаа
морето да им го вратам
барем со збор
и не се веќе риби
можеби се реслови
од некој дамна свршен лов
или од оргијата која претстои
меѓу морските широчини на
овој од себе заведен свет
како и да е
јас и понатаму
времето го мерам со сонот
нив ги препознавам
во нешто сосем лично
и се одвикнувам од животот.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И чанти, ранци со спортска опрема... купишта, па кога ќе се тргне од сабајле, сите влечат и, тамам помислуваш дека празното претсобје е фатаморгана, веќе во следниот миг знаеш дека ломот што го гледаш во кујната е вистинската реалност.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)